Гледам дека упорно се форсира Вашата теорија дека сум маж. А сега станува и актуелна изјавата дека сум курва. Добро, еве нека бидам што и да е. Мене не ми е јасно, како може во Вашите очи да биде курва онаа која спие со легитимен дечко? Нели сите Вие јаки мажи имате секс? Со кого имате секс? Ако ова е курвинско однесување, тогаш каков секс имате Вие со девојките, со сопругите?
Жал ми е што не знаете дека и ние жените сме многу слични на Вас, кога е во прашање сексот. Самите си ги терате Вашите девојки и споруги да Ве лажат, да ги кријат своите желби и фантазии пред Вас, своите потреби. Затоа многу често, многумина од Вас се ’втори’ во креветот на некоја од нас. Се плашиме да Ви признаеме, да Ви ја кажеме вистината, бидејќи знаеме дека ќе наидеме на негодување. Знаеме дека ќе наидеме на вакви коментари.
Како производ на сите овие лаги кои ги испреплетуваат Вашите врски, се јавува швалерајот. Швалерката, а некогаш и платената проститутка, ги исполнува Вашите сексуални фантазии, бидејќи Вие не ни сте свесни дека, веројатано, тоа за Вас би го направила и Вашата легитимна девојка и Вашата законска жена. Само, доколу, не би и’ приговарале за тоа, само ако после тоа не биде обележана како курва. Колку тежок збор.
Но, на крајот на краиштата, тоа се Ваши животи и јас немам право да се мешам во Вашите одлуки. Вашиот свет е онаков каков што Вие самите сте си го направиле. Никој за тоа не Ви е виновен. Единствено, за разлика од Вас, јас не би можела да живеам лажен живот.
А знаете ли дека не сум стасала ни до половина со прераскажување на моите ’патешествија’?
Но, Вие самите одлучивте.
И ова Ви беше премногу....
Ви благодарам на вниманието.
