Friday, May 22, 2009

Флертувам-е

Сонувам со отворени очи. Слушам тивка музика и размислувам повторно за она што го имам видено, доживеано, вкусено, испробано. Интересен е светот кога е исполнет со разноликост. Интересни се луѓето и нивните стратегии за освојување :)

Сакам да флертувам. Обожавам кога добивам нечие внимание. Безкрајни игри со зборови, недоречени нешта, возбудата која ја предизвикува очекувањето и неизвесноста. Премногу е ниско и е единствено со причина за хранење на егото, грев е, лажење е, но ме исполнува. Ме прави да се чувствувам битна, секси.... Апсолутно ме одбиваат луѓе кои не знаат да ми парираат во флертот. Доколку некој не може да се снајде, не може да ме разбере, да ме игра, ја губам целосно заинтересираноста за него/нејзе.

И пречесто делот со освојувањето ми е доволно забавен и исполнувачки, да воопшто после тоа немам потреба од нешто повеќе. Кога ќе станам сигурна дека веќе ’го/ја имам’ веднаш ми спласнува желбата. Предпочитам после тоа да заминам, до наредниот пат кога ќе добијам желба да флертувам.

Но, од другата страна е она кое ми се случува со луѓе кои се незаинтересирани, а ми се допаѓаат, тогаш знам да станам и напорна и досадна. Секој пат кога ќе дојдам во контакт со таа личност, ја навраќам темата ’јас и ти’, па и по цена да бидам јасно и гласно одбиена. А тоа не делува онака како што сака оној кој сакал да ме одбие, бидејќи со тоа одново добивам желба да тргнам во поход на негово освојување, што значи повторно да досаѓам. Штета што тие луѓе не знаат дека ќе ме оттргнат од себе во оној момент кога ќе изјават дека би сакале да имаат нешто со мене, дека би сакале да ме ебаат, дека им се допаѓам :)



п.с. Некако не ми сте расположени за коментирање во последно време :)

Sunday, May 17, 2009

Дволично

Што е работава со луѓето кои практикуваат секс надвор од бракот, се разбира, без да знае сопружникот?

Мислам.. ватевр, ако на некој му се еба, супер, не е забрането со закон, ама она глумење лудило на искреност и верност и тотално непочитување на партнерот, како човек воопшто, ме вади од такт.

Ако сте толку јаки ебачи и ебачици, дај кажете им на партнерите во лице дека сакате да се дупите наоколу. Милион пати е попоштено тоа.

И изјави од типот: ’Па како ќе ми го пуши жената, со таа уста децата мои ги бакнува’ ??????? Аман, аман веќе.