Friday, May 22, 2009

Флертувам-е

Сонувам со отворени очи. Слушам тивка музика и размислувам повторно за она што го имам видено, доживеано, вкусено, испробано. Интересен е светот кога е исполнет со разноликост. Интересни се луѓето и нивните стратегии за освојување :)

Сакам да флертувам. Обожавам кога добивам нечие внимание. Безкрајни игри со зборови, недоречени нешта, возбудата која ја предизвикува очекувањето и неизвесноста. Премногу е ниско и е единствено со причина за хранење на егото, грев е, лажење е, но ме исполнува. Ме прави да се чувствувам битна, секси.... Апсолутно ме одбиваат луѓе кои не знаат да ми парираат во флертот. Доколку некој не може да се снајде, не може да ме разбере, да ме игра, ја губам целосно заинтересираноста за него/нејзе.

И пречесто делот со освојувањето ми е доволно забавен и исполнувачки, да воопшто после тоа немам потреба од нешто повеќе. Кога ќе станам сигурна дека веќе ’го/ја имам’ веднаш ми спласнува желбата. Предпочитам после тоа да заминам, до наредниот пат кога ќе добијам желба да флертувам.

Но, од другата страна е она кое ми се случува со луѓе кои се незаинтересирани, а ми се допаѓаат, тогаш знам да станам и напорна и досадна. Секој пат кога ќе дојдам во контакт со таа личност, ја навраќам темата ’јас и ти’, па и по цена да бидам јасно и гласно одбиена. А тоа не делува онака како што сака оној кој сакал да ме одбие, бидејќи со тоа одново добивам желба да тргнам во поход на негово освојување, што значи повторно да досаѓам. Штета што тие луѓе не знаат дека ќе ме оттргнат од себе во оној момент кога ќе изјават дека би сакале да имаат нешто со мене, дека би сакале да ме ебаат, дека им се допаѓам :)



п.с. Некако не ми сте расположени за коментирање во последно време :)

6 comments:

Alexus said...

Dolgo te nemase, pa si mislevme deka kompletno te snema

dobro sto dojce

cao

Anonymous said...

Samo, gi nema vekje avanturite so "miliot"...
Da ne e "minatiot" vekje?

Anonymous said...

hey girl-
:)

HulaHopa here-
добра си за чит-
;)

Anonymous said...

prodolži i ponatamu golem pozdrav!

Anonymous said...

Redoven Citatel.....
Dolgo te nemase, od kaj komentari :)
tooop si kade i da si i kakva i da si, edinstvenata iskrena zzena vo MKD!

anelia said...

Не сум единствената искрена жена во Македонија. Само што вие не слушате внимателно. Сите жени копнеат да бидат искрени :)

А и... се кријам позади алијас... може и не сум толку искрена? :)