Friday, April 03, 2009

Wednesday, April 01, 2009

frienship or what? - sequel

Ми пријде и ме бакна. Во истиот момент се опуштив и заборавив на сите мои стравови и двоумења. Можеби ќе беше попаметно да не подлегнев на напливот на сексуална енергија која бликаше во собата, но паметот не го видов никаде. Единствено на што мислев е она што во тој момент токму таму го доживувам.

Додека се бакнував со него Милиот ми пријде од позади и почна да ме милува по задникот и бутините. Ох какво чувство на посакуваност... и двајцата ’се напрегаат’ околу мене. Во еден момент ги отворив очите и веќе и двајцата беа седнале на каучот а јас бев клекната пред нив горе. Веќе ме соблекле до половината и цицките ми беа истурени на напред, за двајцата по една во уста. Ги држам за главите додека цицаат. Нивните раце се тркалаат насекаде по моето дело. Набрзо одлета секое парче облека кое го имав на себе. Стојам гола како од мајка родена, ме гледаат, се воодушевуваат, сакаат да ме дупат. Знам дека сакаат им се гледа во очите, устите им се полуотворени, а очите полузатворени и на обајцата.

Исправете се и двајцата - им наредувам

Се исправаат.

Соблечете се - повторно наредувам

Се соблекуваат. Не дочекувам да се ослободат целосно од бариерите кои не делат од моментите на страст, клекнувам на колена и веќе пријателовиот кур го имам длабоко во грлото. Голтам кур, туѓ. Бев била навикната на Најмилиниот и чудно и возбудливо ми стана кога ја почувствував непознатата текстура на новиот. Новото е секогаш интересно, а посебно ме палеше фактот што не се еден, ами два, а и оној кого го сакам и ме сака гледа како се хранам со туѓ кур. Главата ќе ми пукне, бројам ѕвезди. Се навртувам кон едниот, го дркам другиот, па ги менувам, ги јадам, сакам да ги држам во уста и двата, сакам да не престане тоа чувство на поседување два кура.

Веќе сум толку возбудена и влажна што ми станува неподносливо пичката да ми биде празна.

Кој сака да ме ебе прв? - прашувам

Кој сакаш ти? - пријателот одговара со прашање на прашањето

Мојот Најмил, веќе ме повлекува за рацете да се потпрам на каучот и да се напучам за другиов.

Еби ја ти! - изустува

Не е доречено, но е веќе направено. Го добивам тврдото парче месо длабоко во мене. Аааахххх... ме ебе, нов, непознат, не сум навикната на овој, но ме ебе. Се набива во мене како ненаситна стока. Се нишам целата под неговиот налет. Едвај се додржувам да не паднам. Ме посакува, сака да ебе, сака да се празни во мене. Налетува мојот поглед на лицето на мојот Мил. Се топам во неговиот поглед, мило му е што уживам. Интересно? Чудно, тој сака да ме гледа како уживам со друг маж. Него не му пречи тоа што на повеќето на планетава им е незамисливо. Како е можно? Што значи тоа? Може не ме сака? Ама.. нееее.. Ме сака, како не, погледот му е бескрајно мил. Чудна е целата ситуација. Не знам како да размислувам, мислите ми летаат во милион правци. Стоп! Нема да мислам на ништо освен на дупењето!! Дојдовме да се ебеме, не да мислиме. А и онака веќе милион пати пред да се случи ова сме размислувале и дебатирале со Милиот, со часови, со денови. Сме анализирале што и како би било. Веќе е промислено сето тоа. Нема место за двоумење, посебно не кога веќе оној туѓиот е во мене, во присуство на мојата најголема љубов.

Friday, December 19, 2008

friendsip.. or what?

Прв пат ќе се видиме во живо денес. Се знаеме веќе долго време, но тоа познавање не е ’вистинско’, ако може така да се каже, затоа што интернетот е сепак криење позади зборови и фотографии во кои позираме да го извадиме максимумот од нас. Седиме во сепарето јас и тој и се штрекнуваме на секој минувач кој и најмалку ќе ни заличи на оној што го видовме на сликата која ни ја испрати нашиот cyber пријател. Премногу сум вознемирена за да размислувам правилно. Веќе почнав да паничам, а мојот мил ме смирува со зборовите:

Па само ќе се запознаеме.

Минува еден покрај кафулето, не е тој, минува и втор и трет и еве го - Него. Влегува и тргнува кон нас. Не може да погреши, скоро е празно местото и само ние сме пар со изглед кој подсетува на лицата кои тој ги виде на мониторот во неговата канцеларија пред некој ден.

Едно ’Здраво’ проследено со уште две. Седна покрај нас и почнавме со вообичаениот муабет кој го прават сите оние кои се нашле со некого со кој и немаат што да зборуваат, но куртоазијата не им дозволува да молчат. И така напнато, но со обид да се направи да изгледа релаксирано и спонтано протекуваат 30тина минути после кои, нашиот нов пријател се одважи да ни каже дека тој е сам дома и дека ако сакаме можеме да отидеме кај него.

??? И сега што??? Сакаме ли или не сакаме да го спроведеме на дело она за кое фантазиравме и се договаравме со месеци наназад? Има ли смисла, поента, потреба воопшто да се впуштиме во такво нешто? Помислата на новото привлекува, но на непознатото во исто време и плаши и збунува. Го повикав мојот најмил да ме придружува во тоалетот за да размениме два-три збора пред да дадеме одговор на предлогот од пријателот. Се извинивме и отидовме... Само што се затвори вратата од wc-то зад нас јас во истиот момент повторно почнав да треперам.. и повеќе не знаев дали од возбуда или од страв.

И што ќе правиме сега? - го прашав

Па можеме да отидеме... не мора да значи дека нешто воопшто ќе се случи. Ти знаеш дека се’ од тебе зависи. Знаеш дека ако сакаш, кога сакаш можеш да ја прекинеш целата игра. - ми одговори, очигледно и тој збунет.

Се вративме и му кажавме дека сакаме да отидеме кај него. Какви ли се тоа гости само.... ?

И во малиот стан повторно исто... внимателен дочек, гостопримливост, кафе, резервиран разговор. Но како што одминуваат минутите тензијата се повеќе и повеќе расте та дури во еден момент сите веќе чувствуваме дека е толку набиена атмосферата што е готова да експлодира. Но кој да го направи првиот чекор. Јас не можам, мојот најмил не може и тогаш храбро истапува пријателот со изјавата:

Ти треба ли помош? - прашува ....... ’да започне предиграта’ - се неизустени зборови но толку јасни за сите нас тројца и јас само испуштам едно:

Да......

Thursday, November 13, 2008

Statistics - Dali ste imale one night stand?

I need his assistance

Се научив да дркам само со негова помош и повеќе не ми е убаво кога сама се задоволувам.

Имаме шема:

Ги симнувам пантолоните и гаќите, седнувам на креветот, тој се сместува лево од мене. Го стимулирам клиторисот со десната рака, а со левата го обфаќам околу вратот. Неговата лева рака е на отворот на мојата пичка, не внатре, на отворот, само колку да чувствувам притисок, а со левата си игра со мојата лева брадавица, мора да е левата бидејки ми е почувствителна од десната. Се дркам, а тој, со два прста, прави движења напред-назад по неколку милиметри. Ауф! Свршувањето е во 99% од случаите Експлозивно!!! Имам контракции во пичката, во аналниот отвор, во стомакот.. насекаде низ моето тело чувствувам треперење... се превиткувам и врискам во неговите раце.. тој се обидува да ме задржи да не одлетам од креветот.

А за што фантазирам додека се самозадоволувам? .....

За тоа друг пат... :)


п.с. поздрав до П.

Friday, November 16, 2007

Statistics

Ловци ! :)


Thursday, November 15, 2007

Basic

Како ја убивате досадата? Ви се случило ли да се ебете со некој/а само поради тоа што Ви било досадно тој ден и сте немале попаметна работа? Мене да. Само глупости ми се случувале веројатно...

Кафулето веќе е пред затварање, а тебе не ти е доста од забавата, сакаш уште. Три - четирите вотки пред тоа не ти даваат на мира да си отидеш дома и да си легнеш. Си го запознала таа вечер, прв пат во животот го гледаш, не ти е ни нешто посебен, а и муабетот бил лит со оглед на околностите и можноста за конверзација во прегласното собуле наречено ’место за шема’. Единствено што те привлекло е желбата да потрае доброто чувство кое си го добила предходно, и неговото индискретно, благо речено, а всушност нападно насрнување врз тебе. Но те возбудува баш тоа што е безобразно straight forward. Она негово ’ненамерно триење’ на неговата машкост по твојата бутина ти го пореметува правилното расудување и те прави да размислуваш декадентно, единствено водена од базичните инстинкти. Сакаш да се париш, затоа што си женка и си плодна, а тој, ако не повеќе, барем глуми алфа мажјак. Што е најсмешно, не си сигурно ни дали добро си разбрала како му е името, но што е тоа битно, не сте во МВР, генералиите и не се толку битни, она што е битно е тензијата која виси во воздух. Хмммм...

Ајде на кафе кај мене.

Покана..? Какво е тоа кафе во три по полноќ? Ама знаете и обајцата дека не е никакво кафе во прашање. Тајмингот за кафе апсолутно промашен, но тајмингот за ’кај мене дома’ - full score. Нормално, со оглед на твоите моментални афинитети и потреби, прифаќаш и тргнувате во непознат правец и ни блиску до илузионото кафе кое никогаш нема ни да започнете да го пиете. Се’ почнува со влегување во неговиот темен автомобил, прифатливо долго/кратко возење наоколу, како предигра, и за финиш прекрасната глетка, која ги прибрала сите светла од градот. Е тука божемски ќе се воодушевувате на она што значи град во сладок сон се додека не те истурка врз хаубата, не ти го завлече фустанот нагоре и не ти го напика до крај, ама баш онака како да не видел пичка уште од оној ден кога излегол од на мајка му. Не дека тебе ти е лошо.. напротив, стрпливо си чекала веќе, скоро три часа, за тоа да се случи и да си ја добиеш ветената награда. 100% чисто ебење, без ниту една друга емоција која би можела да ти го расипе она чувство на апсолутно физичката исполнетост... Како шлаг на тортата... неговата сперма се разлева по свиленкастите чорапи.

Bye.

Thursday, July 26, 2007

Liquid

Една од предностите (или мааните) кои ги имам е и мојата љубопитност, мојата потреба да ја истражувам својата сексуалност. Да пробам нови нешта. Го знам тоа за себе одамна, многу одамна, веројатно уште од пред да станам сексуално активна. Но за тоа не ми е доволно само да имам партнер со кој можам да си ‘играм‘, туку тоа да биде партнер кој добро го познавам и апсолутно му верувам. Тој е таков. Многу често знам да помислам

Ист е како мене

Седеше пред компјутерот занесен и апсолутно исклучен од светот околу него.

Досадно. Не ми се гледаше телевизија. Се моткав навака - натака. Го набљудував од страна. Не знам што ми се сврте во главата, не знам од каде ми дојде таа идеја. Апсолутно без размислување само ја спроведов. Клекнав на подот четириножечки. Полека се придвижив накај бирото. Не ме забележа веднаш, сеуште беше внесен во играчката. Лазев бавно како мачка која лови плен. Веројатно со аголот на окото ‘сними‘ дека нешто блиску до него се движи. Се заврте.

Што правиш?
- праша поднасмевнато

Ништо - го гледав право в очи

Јасно му беше дека барам нешто од него, дека сакам да си ‘играм‘. Не се помести од местото, само ме гледаше. Нити јас не побарав да дојде, не ми беше тоа во план. Полека се завртев за 180 степени, сега бев како кучка која се спрема за парење, долу, на сите четири, го покажува задникот. Полека ги симнав до коленици тренерките заедно со гаќичките. Не чув да стане од место. Само гледаше и очекуваше што следно ќе направам. А јас, ништо, само стојам така со гол задник. Испрчен на горе му нудеше прекрасна глетка на двете мои дупки. Сигурно веќе замислуваше како ми го става во некоја од нив.

Немој да стануваш. Само гледај. - го замолив

Добро, еве седам

По неколку минути наизглед безмислено седење и гледање во нешто што како да му се подава, но не се дава, остана вчудоневиден кога виде како по мојата пичка и надолу по нозете се слеа топлата златно - жолта мочка. Дел од течноста заврши врз тренерките и гаќите, а дел на подот под мене.

И сега, тепихот? - се смешкаше

Се пере - му одговорив додека мојот поглед се прелеваше во неговите црни похотни очи

Сакав да дознаам како ќе се чувствувам ако тоа се случи. Неверојатно е каков еротичен набој предизвика едноставно физиолошко празнење. Не знам што точно го предизвика возбудувањето. Можеби е поврзано со субмисивност и доминација? Можеби поради тоа што е нешто што се прави во приватност, а јас го направив така бесрамно пред неговите очи? Можеби изгледаше како да си ја обележувам територијата? Можеби затоа што баш пред него тоа го направив, бидејќи сакам да знае се‘ за мене, да ме познава секаква? Можеби.... можеби... Знам само дека ме возбуди мене, а и него...