Tuesday, February 14, 2006

Блиска средба

Се запознавме во град. Не застанаа на улица додека се шетавме со другарка ми. Не ни беше нас двете баш јасно, ама ни беше интересно. Ние имавме по 15 години, а тие по 19. Беа четворица и им беше многу досадно штом си дозволија да се запознаваат со девојчиња на тој начин.

Јас му бев интересна на Тони, а другарка ми на еден од нив, на кого ни името не му го паметам. Не е ни битно, им дадовме телефонски броеви. Ни се јавија... нормално... и не поканија да излеземе заедно наредниот ден. Кое лудило!!! Тие сакаат со нас да излезат... Тие ни се додворуваат. Ааааххх...

Рандеву-то се случи во парк! Тогаш, според мене, забавно место, денес патетично и смешно за прв состанок. Седевме на една клупа јас и Тони, а другарка ми, со нејзиниот, на тревата, до едно дрво недалеку од нас. Знаете како се седи на клупа со тип, нели? Еден кон друг со лицата, нозете широко раширени, за да бидете едно до друго што поблиску. Тогаш го добив првиот вистински бакнеж. French kiss, како на филм.... Бљааааааааааак, ми се згади. Не беше воопшто романтично. Толкав јазик, ми се чини ми ја наполни целата уста. Лигаво страно тело во мојата уста. Одвратно. Како можеше цел да ми го напика? Грозно.

Не му кажав дека ми е одвратно, мижев и се преправав дека уживам.

Ми е гајле... Ќе се навикнам...
- Си мислев

И во право бев. Со секој следен обид беше се поприфатливо. Почнав да го прифаќам полека и да го допирам своеволно неговиот со мојот јазик. Си игравме полжави :) Колку слатко за едно мало неразвиено суштество од 15 години. Се учев да се лапам. Невешто го правев тоа уште неколку години натаму, но за се има прв пат и за се има почеток и никој не се родил учен. Нели?

Уште тогаш беше јасно дека лесно се препуштам. Не играв hard to get игри. Знам зошто додека се лапавме, посака да ме погали по цицињата на голо и јас му дозволив. Ах, ах, ах.. Ми се допадна да имам туѓа рака на нив. Мојата била, шетала по нив, ама е моја, и не е многу возбудливо. А туѓа е нешто сосема друго. Отвора нови можности, нови начини на уживање во допири.

Не е лошо за прв пат :)

No comments: